Free zone

Чизмите на кои дождот не им може ништо се вистински моден погодок за оваа есен

Гумените чизми имаат моменти кога се или IN или OUT. Оваа есен е дефинитивно нивна, бидејќи се носат повторно и се одлични за есенските дождливи периоди!

Пократки, подолги, сјајни или мат модели во кои ќе најдете барем еден кој ќе одговара на вашата гардероба. Освен што гумените чизми одговараат на различни комбинации – од спортски до елегантни, тие се достапни во разни бои, а исто така ве штитат од дождот подобро од кое било друго парче обувки. Ние ви носиме краток избор од 4 различни видови на гумени чизми:

Се работи за гумени чизми во маслинесто зелена боја. Ги има и во цела црна или бела боја во комбинација со црни ленти преку целата чизма. Тие се интересен модел бидејќи не се целосно навидум гумени, туку се комбинација од спортски чизми со гумени моменти.

Класикот меѓу гумените чизми е дефинитивно Hunter! Тоа е бренд кој е најпознат по производството на женски гумени чизми кои се погодни за есен. Сите девојки кои ги имаат се ултра среќни поради нивниот трендовски изглед, но и поради фактот што навистина одговараат на дождливото време. Овој модел доаѓа во црна и темносина боја.

Белите гумени чизми може да се комбинираат речиси со секоја облека! Без разлика дали станува збор за повесела, лежерна варијанта или за црн краток фустан. Токму фактот дека се бели, секако придонесува за комбинирање на најразлична гардероба.

Уште еден Hunter кој доаѓа во прекрасна корална, црвена боја. Тоа е малку пократок модел од вообичаеното (до над глуждот), но со оваа впечатлива и убава црвена нијанса, остатокот од вашата облека може да биде целосно црн бидејќи сигурно ќе привлечете внимание со гумените чизми!

Напиши коментар