Кога чувствуваме љубов, мислиме дека е поради некоја друга личност, но всушност ние сме љубов, чувствуваме и вибрираме љубов, не само за одредена личност, туку за секого. Кога сакаме, околината го забележува тоа, а целокупното искуство е неописливо подобро. Конечно живееме, ги слушаме песните, ја забележуваме уметноста, убавината на природата и магијата на животот. Сето ова од причина што сме отворени, за широката свест, тогаш кога сме во висока вибрација на љубовта. Ни се случуваат среќни околности, ние сме полни со енергија, здрави, добронамерни, инспирирани.
Штета е да мислиме дека ни треба надворешна причина да бидеме љубов и дека љубовта е условена од врската со одредена личност, која треба да се однесува на одреден начин или да ни ја возврати љубовта за да можеме да ја живееме. Сè што сме во одреден момент е дел од една универзална енергија што можеме да ја наречеме божествен извор или што и да е, а ние сме креатори кои бираат што ќе бидеме. Дали ќе бидеме љубов или нешто друго. Тој избор се чини дека е условен од надворешни настани, но тоа не е точно. Обидете се и дознајте.
Љубов можете да бидете секогаш. Можете да бидете љубов сега. Направете мал експеримент од неколку минути. Сè што ви треба е фокус на настанот, ситуацијата, самите себе, Бог, природата, животното, растенијата, што и да е, сè што предизвикува чувство на љубов кај вас. Може да биде и нешто измислено. Може да биде само желба или очекување. Нема врска. Дури, тоа може да биде сеќавање на вибрации или чувство на љубов сама по себе, без ништо во позадина.
Така, бидете безусловна љубов од какви било надворешни настани, вие сте слободни во вашата љубов и ја имате во изобилство. Тогаш се отвора вратата и се случуваат чуда! Љубовта доаѓа да ве пречека! Ја поканивте љубовта во вашиот живот! Многу е лесно. Сè што треба да направите сега е да започнете да вибрирате љубов сега и да не чекате точно исполнети зацртани цели и норми, за да ви се допадне ова или она. Не, уживајте во животот сега. Сакајте се себе, тоа е најлесниот пат и секогаш достапен пат до љубовта.