After Midnight

Да сакал да биде со тебе, тој ќе бил со тебе

Ова е нешто што е тешко да се прифати. Но, вистината ќе го излекува твоето срце многу побрзо отколку едноставно да дозволиш тоа да се крши одново и одново, сè додека конечно не се соочиш со она што го знаеш цело време.

Тука има милион можни сценарија. Полесно е кога тој е кретен, себичен, егоцентричен, ако те користел за да направи некој друг љубоморен, те користел воопшто, ако се однесувал лошо кон тебе, што и да е.

Но, многу е потешко кога станува збор за добра личност, а ти сепак мора да ја пуштиш. Кога тој човек ќе ти каже дека си неверојатна личност, но дека тој едноставно не чувствува исто како тебе. Или дека тој навистина те сака, но не мисли дека си „вистинската личност“.

Или кога тој едноставно не чувствува толку силно како тебе и сака да биде искрен. Или кога тој не може да се одлучи, затоа што неговиот ум е збунет и неговите чувства се мешаат, тоа всушност значи дека се плаши да те повреди.
Тоа чувство на „конфузија“ е само помек начин да се каже „не“. Ако тој сака да биде со тебе, нема да биде неодлучен.

Но, без разлика дали тој е прекрасно момче или кретен или нешто измеѓу, се работи за тебе, мора да продолжиш понатаму. Бидејќи, без оглед на ситуацијата, колку и да се однесувал добро или колку сте се забавувале заедно и сте се сложувале, тој повеќе не сака да биде со тебе.

И тоа е вистината. И тоа ќе биде твоето мачење во следните неколку недели или месеци, колку и да не го сакаш тоа. Единственото нешто што може да ти помогне да продолжиш понатаму е грдата вистина:

Ако тој сакаше да биде со тебе, ќе беше со тебе.

Напиши коментар