Првото видео од новата колекција на Ivy Park x Adidas ја виде светлината на денот. Видеото од 90 секунди целосно го полуде интернетот, што поради одличните парчиња од новата колекција, што поради одличната тема на фитнес ѕвезда од 80-тите, а што поради фактот што сите модели од колекцијата ги претставува самата Бијонсе, која, btw, никогаш не изгледала толку добро.
Добро, нема да се лажеме, таа е од оние жени кои не можат, а да не изгледаат добро, секогаш и во што и да се појави, го привлекува вниманието на сите околу неа, а последната соработка со Аdidas не беше исклучок. Сепак, има некој чии очи беа вперени повеќе отколку кон Бијонсе, а тоа е Blue Ivy, која доби неколку секунди кадар на ова видео.
Реакциите на нејзиниот изглед веднаш го запалија Интернетот кој гореше од бројни коментари, а работата да биде уште подобра, сето ова сè уште не е готово бидејќи вториот дел од приказната пристигнува на 30-ти октомври. Воопшто не се сомневаме дека и овој пат ќе биде нешто што ќе претставува вистинско задоволство за гледање.