Celebrity

Дали Кание Вест имаше нервен слом на Твитер? Раперот објави дека Ким Кардашијан сакала да го „заклучи“

Кание Вест објави, а потоа и избриша, низа неповрзани твитови, во кои откри многу бизарни работи од неговата врска со сопругата Ким Кардашијан и нејзиното семејство, а експертите оценија дека ова е една од потешки епизоди, карактеристично за оние со биполарно растројство.

Во твитовите тој пишуваше за тоа како Ким заедно со нејзината мајка Крис Џенер се обиделе да го „стават под клуч“ и да го однесат на лекар.

„Ким се обиде да донесе лекар и да ме заклучи“, напиша тој и додаде дека филмот „Избегај“ е за бело семејство кое заклучува црнци и од нив прави роботи, засновано на неговиот живот.

„Ким вчера сакаше да пристигне во Вајоминг за да ме заклучи како во филмот„Избегај “, затоа што плачев кога реков дека и го спасив животот на ќерка ми“, рече тој.

Ден претходно, тој го одржа својот прв политички митинг, обидувајќи се да собере потписи за да се кандидира за претседател, а потоа рече дека тој и Ким размислувале за абортирање на Норт, што сега го смета за грев.

„Ако ме заклучат како Мандела, сите ќе знаете зошто“, твитна тој, алудирајќи на починатиот претседател на Јужна Африка.

Напиши коментар