Free zone

Дали би имале храброст да изедете вакво нешто за појадок?

За многу луѓе, појадокoт без јајца не е појадок. На око, изматени, пржени, омлет…изборот е огромен, а ако сте доволно креативни, можете да ги користите и како декорација на чинијата.

Или барем тоа е случај со еден млад човек, кој го претвора својот омилен оброк во минијатурни уметнички дела.

Мексиканецот Мишел Балдини дефинитивно обожава јајца на око, но ги обликува на сосема различни начини.

Од сцени од филмови, стрипови, од природата, па сè до животни и пресоздавање слики од познати уметници, остава впечаток дека не постои ништо што неговите раце не можат да сторат.

Со обликување започнува додека јајцата се уште свежи, а помош има само од кујнскиот алат. Неговото платно е тефлонска тава, на која создава нереално убави слики.

Само на Инстаграм го следат над 107 илјади следбеници. А, иако има само 21 година и студира медицина, тој се обидува да не го занемари своето хоби, особено за време на пандемијата, каде што, како што рече, барем на тој начин, успева да им врати насмевка на лицата на луѓето и да ги инспирира да пробаат нешто слично…

Едно од првите негови дела е всушност Јин и Јанг, а потоа, тој започнал да прави покомплицирани форми.

Напиши коментар