Celebrity

Физичката сличност помеѓу нив две е навистина неверојатна: Дали Медисон Бир сака да биде втората Аријана Гранде?

Ова очигледно е она што голем број корисници на Твитер го мислат, со коишто Медисон се судри пред одредено време, додека одговараше на прашања за време на разговорот во живо. Кога еден од корисниците на оваа мрежа ја нарече „wannabe“ Аријана, Бир се вознемири, а потоа реши да одговори на прозивката.

  • „Јас отворено ја поддржував и изјавив дека сум нејзина обожователка со години. Таа создава, таа ги инспирира другите. Таа е уметник. Мислам дека е тажно и болно што толку многу луѓе ме малтретираат и злоупотребуваат на различни начини, земајќи ја предвид важноста на нештата што ги правам. Мислам дека не треба да се споредуваме. Секоја личност е личност за себе“, продолжи Медисон, која сепак истакна дека Ари навистина многу ја инспирирала. „Ја сакам многу. Тажна сум кога гледам како некои луѓе се обидуваат да не скараат, бидејќи не чувствувам ништо друго освен љубов кон неа. Ја обожавам и мислам дека е икона, но јас сум си своја“, изјави таа.

Напиши коментар