Free zone

Дали спиењето со мокра коса е штетно?

Сигурно некогаш сте спиеле со мокра коса, но ве советуваме да не го практикувате сепак … Дали спиењето со мокра коса е штетно?

„Нанесувајте крема за сончање секој ден“, „секогаш носете јакна со вас“ и „ако немате што убаво да кажеш некому, тогаш замолчи“.

Да, мајките знаат за што зборуваат. Но, што е со советот кога ве предупредува дека спиењето со мокра коса е штетно? Да видиме што е вистина. Како прво, нема да се разболите поради мократа коса. Брз здравствен курс: Настинката е предизвикана од вирус кој нема никаква врска со температурата или влажноста на вашата коса. Сепак, тоа не значи дека спиењето со свежо измиена коса треба да стане ваша навика. Зошто? Бидејќи влажната коса е најслаба, што значи дека кога ќе легнете со натопена коса, навистина може да ја оштетите за време на спиењето и да го забрзате оштетувањето.

Сепак, треба да се нагласи дека спиењето со мокра коса нема да предизвика забележителни негативни последици, но секако не се препорачува да се прави секој втор или трет ден. Спиењето со мокра коса, исто така, може да го забрза растот на бактерии и мувла на скалпот и перницата, но оваа теорија сè уште не е потврдена научно. Но, имајте на ум дека ако имате проблеми со скалпот (алергии или првут), косата треба да биде сува пред спиење. Заклучок: Спиењето со мокра коса нема да предизвика поголеми штети секој пат. Но, за да се намали ризикот од оштетување на косата (или оние кои се загрижени за алергии и состојбата на скалпот), косата секогаш мора да биде целосно сува пред спиење.

Напиши коментар