Дали постои една машка личност во вашиот живот за која не сте баш сигурни како се чувствува во врска со вас?
Тој е ваш пријател, можеби некој што го познавате цел живот, но понекогаш се чини дека е повеќе од тоа. Тој е некој со кого сакате да поминувате време, и за кого мислите дека може да биде добар материјал за момче. Но, како тој ве доживува вас? Одговорот на ова прашање не е лесен за добивање, освен ако не го поставите директно. И, ако не сакате да го ризикувате и загрозувате пријателството поради претпоставката, можеби следните реченици можат да ви помогнат.
ВЕ ГЛЕДА КАКО ПРИЈАТЕЛКА АКО:
Вие сте вистинската личност на која и ја раскажува приказната за девојката што ја запознал претходната вечер и која планира да ја покани на состанок.
Тој споделува со вас детали поврзани со неговите љубовни авантури
Ве прашува за совет што да и купи на девојка што ја сака да ја придобие
Зборувате за теми како фудбал, видео игри, итн.
Никогаш не ви дава комплименти
Не ја забележува вашата нова фризура
Не ви кажува дека сте му недостигале, ако не сте виделе или не сте се чуле неколку дена
ВЕ ГЛЕДА КАКО ЛИЧНОСТ СО КОЈА БИ САКАЛ ДА ИЗГРАДИ ВРСКА АКО:
Никогаш не коментира други девојки пред вас
Никогаш не ве прашува за совет за неговите љубовни проблеми
Тој не ги сака вашите поранешни или потенцијални момци
Се обидува да поминете време заедно
Ви дава комплименти
Тој се обидува да ве направи среќни и да ве насмее кога сте тажни
Ви испраќа пораки за добро утро и добра ноќ