Сабота во 11 часот навечер е време кога жените се најмногу расположени за секс, според студијата на списанието Women’s Health.
Но, бојата на sидовите во спалната соба може да ги разгори страстите.
Парови, чија соба е во виолетова боја доживува двојно поголемо задоволство меѓу чаршафите, според британското истражување.
Ако не ви се допаѓа виолетовата, црвената и сината боја исто така ќе послужи.
Црвените sидови предизвикаа љубовни состаноци 3,18 пати неделно, а собите со сини ѕидови ги усреќија сопствениците 3,14 пати.
Избегнувајте зелена или сива боја по секоја цена, затоа што овие нијанси ги убиваат вашите страсти – ќе имате секс еднаш, најмногу двапати неделно.
Дизајнерката на ентериери Лоренс Левлин-Боуен ги потврдува резултатите од студијата и вели: „Ако сакате безличен сексуален живот, тогаш имајте безлично обоени sидови“.
Ако се одлучите за преуредување, бидете конзистентни и уредете ја собата целосно.
Истото истражување покажа дека луѓето чии кревети се прекриени со свилени или сатенски чаршави имаат највозбудлив сексуален живот.
Свилените чаршафи поттикнуваат страсно водење на љубов во просек 4,35 пати неделно во споредба со памукот, кој од жешки игри ќе се стутка само 2,72 пати неделно.