Celebrity

Дали знаете како изгледа природната коса на sвездите?

Многу sвезди често носат екстензии, перики, вештачка коса и слично, а поголемиот дел од светот не знае како всушност изгледа нивната природна коса. За оваа статија избравме неколку sвезди кои некогаш ја имаат покажано својата природна коса, па да видиме како изгледаат!

1. Tini Stoessel

Tini Stoessel постојано носи многу, многу долга коса на нејзините концерти и во музички спотови, а бојата е усогласена со нејзината природна боја. На оваа фотографија ни ја покажа својата природна коса. Добро и стои!

2. Selena Gomez

Селена Гомез има пробано разни фризури и бои за коса, но природните кадрици најдобро и стојат!

3. Zendaya

Иако ретко ја гледаме со природна коса, кога и да ја покаже на Инстаграм, целиот интернет апсолутно полудува! Зарем Zendaya не е убава со природната бујна коса?

4. Ariana Grande

Arianа Grande сите ја знаеме како девојка со долгата коњска опашка, но тоа всушност не е нејзината природна коса! Нејзината коса е виткана и кратка, како што ја имаат мали девојчиња. Многу е симпатична, нели?

5. Demi Lovato

Demi Lovato често носи долги екстензии, но во реалноста, нејзината коса е прилично кратка.

Чија природна коса ви се допаѓа најмногу?

Напиши коментар