Astro&Horoscope

Дали знаете кои се најголемите срцекршачи според хороскопот?

Лав

Неговата самодоверба и енергија прави сите автоматски да се движат кон припадниците на овој знак, па затоа тие често имаат многу љубовни врски зад себе. Проблемот е во тоа што Лавовите се себични. Тие секогаш ги ставаат своите интереси на прво место, а никогаш желбите и потребите на нивниот партнер. Кога врската ќе им здодее, не се мачат да работат на тоа за да ја вратат во живот, туку едноставно се откажуваат.

Стрелец

Тие имаат тенденција да ветуваат многу повеќе отколку што можат да остварат, а тоа доведува до многу расправии околу очекувањата, што прави Стрелецот да избега во секунда. Не сакаат да се занимаваат со проблеми и да ги решаваат, затоа ги влечат своите партнери многу подолго отколку што е потребно и на крајот им го кршат срцето. Тие се забавни и шармантни, но едноставно не се доволно сериозно да створат здрава врска.

Јарец

Ги сфаќаат работите многу сериозно, но ќе ја раскинат и најсериозната врска доколку партнерот покаже некаков знак за конфликт. Тие се многу песимистични, па понекогаш работите завршуваат пред навистина да започнат, само затоа што претпоставуваат дека нешто може да тргне наопаку. Аналитички се настроени, очекуваат луѓето да бидат како нив, а тоа често не е така. Ова води кон разочарување, поради што често знаат да скршат нечије срце.

Напиши коментар