After Midnight

Дали знаете која е идеалната разлика во години меѓу партнерите?

Само љбовта е важна и разликата во години воопшто не треба да се гледа? Науката не се согласува со тоа, бидејќи истражувањата покажуваат дека оваа разлика може да одреди колку долго ќе трае врската и многу добро е познато која бројка е всушност пресудна за долга љубов.

Податоците од студијата спроведена на универзитетот Хермори во Атланта, велат дека колку е поголема разликата во години помеѓу партнерите, толку е поголема можноста да се разведат. Анализирајќи 3.000 парови, истражувачите откриле дека паровите со разлика до пет години имаат 18% поголеми шанси да раскинат во споредба со партнерите на иста возраст.

Тој број се зголемува на 39 проценти за паровите со разлика во годините од 10 години, и на дури 95 проценти за оние со разлика од 20 години.

И иако францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон, се доказ дека не мора да е така, науката е јасна.

Имено, експертите велат дека најдобро е кога разликата помеѓу партнерите е една година, бидејќи тогаш шансите за раскинување се најмали – само 3 проценти.

Секако, успехот на врската не зависи само од тоа, но може да има влијание – пред се, затоа што паровите со голема разлика во годините, често имаат различни погледи на светот, различни цели и ставови.

Напиши коментар