Celebrity

Дали знаете колку шминка користи Ирина Шајк за да изгледа совршено?

Туторијалите за шминкање, снимени од најпознатите светски топ модели, стануваат сè попопуларни на YouTube. Супермоделот Ирина Шајк сними еден таков за Vogue.

A, нејзината рутина за шминкање ги изненади буквално сите. Додека „блогерите за убавина“ ставаат прајмери, течни пудри, коректори, хајлајтери и многу други препарати на лицето, Ирина Шајк се шминка со прсти и користи неколку капки течна пудра што ја нанесуваше само на одредени делови од лицето. Светски познатата манекенка и една од најубавите жени на светот, не користи ниту половина од она што е дел од рутината за многу девојки додека се шминкаат, а таа вели дека помалку шминка е секогаш подобро и дека жените треба да ја носат шминката, а не шминката нив. Во коментарите под видеото на YouTube, многумина се изјаснија колку се воодушевени од нејзиниот начин на шминкање:

„Нејзината тајна на добрата шминка е едноставно во тоа што таа е најубавата жена во светот и без неа“, се пошегуваа нејзините обожаватели.

Напиши коментар