Декември е месец во кој традиционално гледаме филмови за момчето волшебник, Хари Потер, а и актерите од оваа франшиза тогаш се најактивни.
Даниел Редклиф, кој ја играше главната улога, во шоуто “Hot One” откри дали навистина скршил околу 160 пара очила и 60-70 стапчиња за време на снимањето.
„Дефинитивно би рекол дека тие гласини беа претерани. Особено оние за очилата. Не ги кршев толку често, или барем ми се чини дека не беше така“, започна актерот.
„Мислам дека тие би ослабнале по три или четири недели употреба, потоа би се скршиле, јас би се извинил и би побарал нови. Сите беа добри со нас на снимањето и нè толерираа повеќе отколку возрасните актери“, објасни тој.
Тој додаде дека стапчињата сепак ги кршел почесто.