За тебе ова може да биде сосема нормално однесување и начин на кој се однесуваш кон секого, но момците можат да го разберат поинаку. Ова се знаците на кои момците им даваат поголемо значење отколку што мислите и поради тоа можеш да бидеш погрешно разбрана.
Премногу си љубезна кон него
Кога девојката ќе стане многу љубезна кон момчето, давајќи му комплименти, правејќи ги работите што тој ги сака и слично, момците можат тоа да го прочитаат како знак на допаѓање. И може да биде. Но, и не мора. Може да биде дека си едноставно личност која е супер драга со секого, и кога ќе се појави ново момче во твојот живот, тој не го знае тоа и може да го замени твоето пријателско однесување со нешто повеќе. Биди свесна дека не треба да ја преминуваш границата и да му даваш надеж, особено ако веднаш знаеш дека ова е некој што го гледаш само како пријател.
Му покажуваш дека ти значи повеќе од останатите луѓе
Момците сакаат комплименти. Нивното его скока до небото кога ќе им покажеш дека тие драг и попосебен од другите, особено од другите момци. Она што може тука погрешно да се прочита е кога ќе му покажеш со твоето однесување или зборови дека го сакаш повеќе од другите луѓе, дека е подобро за тебе да поминуваш време со него … И додека да трепнеш, тој веќе се заљубил во тебе.
Му се жалиш за љубовните проблеми
Ваквите ситуации веќе станаа стандард во филмовите. Една девојка му се жали на пријателот за љубовните проблеми, за момчето кое не и посветува доволно внимание, како е невозможно да се најде некој за врска денес … и тој тогаш сфаќа дека таа му значи и сака да и покаже дека има добри момчиња на овој свет и дека тој е еден од нив. Кога ќе им се пожалиш на момците за љубовните проблеми, тие нема да го гледаат тоа само како ваш излив на фрустрација, па пред да започнете да правите вакво нешто, извести го добро дека е само жалење и дека тој е само твој добар пријател.