Free zone

„Дејвид Атенборо: Живот на нашата планета“ ме уништи и ме инспирира

Во случај да не сте го виделе сè уште, Нетфликс oбјави нов документарен филм „Life On Our Planet” или “Живот на нашата планета”, предводен од легендарниот натуралист, Сер Дејвид Атенборо.

Главната порака е дека лошото планирање и човечката грешка доведуваат до целосно губење на биодиверзитетот на Земјата – што апсолутно ни е потребно ако сакаме да преживееме.

Дејвид Атенборо ја поминал целата своја кариера покажувајќи ни ја убавината на природниот свет. Сега тој сака да разбереме дека ако останеме на нашата моментална траекторија, ќе го изгубиме.

Претеравме со човечките активности. Заборавивме дека планетата е деликатно избалансирана.

Целото наше постоење зависи од природниот свет. Без биодиверзитет, природата едноставно не може да не одржи.

Неколку работи кои придонесле за оваа алармантна ситуација во која сите се наоѓаме:

  1. Дали знаевте дека ние исекуваме повеќе од 15 милијарди дрвја секоја година? Уништувањето на природните екосистеми значи поголема количина на јаглерод во нашата атмосфера, а сите знаеме дека дрвјата се најдобрите природни филтри на јаглерод.
Голем дел на прашуми се уништуваат со цел да се направи место за маслени палми

2. Исто така, успеавме да ги намалиме сите видови на слатководни суштества на Земјата за над 80%.

Поголемиот дел од птиците на Земјата се кокошки кои ги користиме најглавно во прехранбената индустрија

3. Промената на температурата на водата (што е наша вина), ги прави коралите во океанот да обелуваат, што на крај ќе ги уништи севкупно. Тоа оневозможува место за живот на околу една четвртина од морскиот свет во океанот.

Кога коралите се под стрес, од работи како што се топлина или загадување, тие реагираат со исфрлање на алга која е неопходна за нивниот опстнаок, оставајќи еден вид на транспарентен скелет.

Но, нешто повеќе од половина на документарецот, Дејвид ни дава до знаење дека сеуште има надеж да ја задржиме прекрасната природа на нашата планета недопрена.

Ова се неколку начини со кои може да го постигнеме тоа:

1. Можеме многу по ефикасно и попаметно да ја користиме територијата за земјоделство. Да ослободиме повеќе простор за да ги вратиме шумите.

Од 2018 година, останати се само 23% од дивиниата на Земјата. Но, враќањето на дивината значи поефикасна апсорпција на јаглерод од атмосферата.

2. Ако само ја ограничиме риболовната активност во одредени зони на одредени периоди, можеме да му дозволиме на океанот да го врати својот биодиверзитет.

Поздрав океан значи поздрави ние.

3. Меѓу другото, треба да ги отстраниме фосилните горива и да се префрлиме на обновлива енергија.

Држави како Шведска, Коста Рика, Германија, Шкотска се веќе на прав пат.

Знам дека ова изгледа премногу. Но, ако навистина ви е грижа, што знам дека ви е, можеме да го оствариме чекор по чекор.

Првиот би бил гледањето на овај неверојатен документарец.

А вториот, посетување на следниот сајт: https://www.ourplanet.com/en/what-can-i-do/

Напиши коментар