По девет години, диџејот Дејвид Гета повторно е прогласен за најдобар ди-џеј на светот! Тој ја презеде титулата откако доби скоро 1,3 милиони гласови од читателите на едно светско списание.
„Навистина е неверојатно, мислам дека се чувствувам посреќен од првиот пат“, изјави Дејвид Гета, по добивањето на оваа титула.
Популарниот ди-џеј ги освои сите во последните неколку месеци со песната „Let’s Love“, на која работеше заедно со пејачката Сиа. На листата после Гета, се најдоа Борис Брејча и Нина Кравиц.