Celebrity

Денес е веќе големо момче: Вака изгледаше некогаш симпатичното синче на Рос од серијата „Пријатели“

Симпатичниот Кол остана запаметен од гледачите, иако се појави само во 7 епизоди од серијата. Актерот денес има 28 години и призна дека во тоа време бил смртно заљубен во Џенифер Анистон.

Кол Спраус првпат се појави на филмското платно како седумгодишно дете, кога во 1999 година глумеше во комедијата „Big daddy“. Неговиот татко тогаш го играше Адам Сендлер, а една година подоцна глумеше во популарната серија „Friends“. Тој се појави во само 7 епизоди, но успеа да ги украде срцата на гледачите.

„Тогаш бев смртно заљубен во Рејчел, која ја играше Џенифер Анистон. Тешко ми беше да работам со неа. Кога ќе се појавеше, бев смотан и го заборавав текстот“ – изјави Кол, кој денес има 28 години.

Улогата во филмот „Big daddy“ ја делеше со неговиот брат близнак Дилан. Браќата често глумеа заедно затоа што продуцентите сакаа да ги вработуваат како пар. По „Friends“, тој глумеше во „I saw Mommu Kissing Santa Claus“, а после тоа глумеше во неколку телевизиски серии. Тој доби поголема улога во серијата „The Suite Life of Zack and Cody“.

Напиши коментар