Astro&Horoscope

Денот кога сте ја започнале врската го открива хороскопскиот знак на вашата љубов

Овен
На партнерите кои започнале врска во времето на владеењето на Овенот, никогаш нема да им биде здодевно. Меѓу нив секогаш има искри, а решението за сите кавги се наоѓа во спалната соба. Тие веројатно им даваат впечаток на другите дека се на работ на раскинување, но нивната врска е доволно силна и тие ќе ги преживеат сите несогласувања и разлики. Нема лаги меѓу овие партнери, а искреноста е еден од темелите врз кои тие ја градат силната врска.

Бик
Паровите кои започнале врска во знакот на Бик имаат силна и стабилна врска. Партнери секогаш наоѓаат меѓусебна поддршка. Никогаш нема да им недостасува нежност и страст. Единствена опасност може да биде фактот дека партнерите целосно се препуштаат на взаемно уживање и ги занемаруваат другите блиски луѓе.

Близнаци
Две лица чија љубовна врска започнала за време на владеењето на Близнаците, се пред сè, добри пријатели и одлични животни сопатници. Тие се расположени за забава и излегување, имаат совршена меѓусебна комуникација , а отсуството на љубомора е друга доблест на оваа врска. Негативната страна е што партнерите премногу вложуваат во социјалниот живот, така што постои голема веројатност тие да престанат да разменуваат нежности во иднина, а нивната врска би можела да стане само пријателска.

Рак
Оваа врска ќе биде исполнета со нежност и романса, а партнерите нема да можат да бидат разделени долго време. Никогаш нема да им недостасува нежност и топлина. И двајцата сакаат големо семејство со многу деца. Лошата страна е премногу заемна посветеност, бидејќи партнерите не сакаат да одат никаде еден без друг.

Лав
Врската започната во знакот на Лав ќе биде полна со драма и страст. Во еден момент, партнерите жестоко ќе се караат, а во следниот момент на повидок ќе биде страсното помирување во спалната соба. Романтични изливи на емоции се чести. Овие парови се обидуваат да се претстават во најдобро светло пред другите, дури и кога има несогласувања меѓу нив.

Девица
Љубовната врска, која е започната за време на владеењето на овој знак, се карактеризира со трајност и стабилност. Меѓусебната желба за безедност ги одржува партнерите цврсто заедно, а искрената и отворена комуникација, како и отсуството на жестоки расправии се само некои од предностите на оваа врска. Партнерите ќе уживаат во интелектуални разговори и гледање филмови. Сепак, на оваа врска може да и недостасува страст, бидејќи партнерите не се склони кон отворено изразување емоции.

Вага

Во оваа врска, сè се врти околу љубовта, партнерите уживаат да разменуваат нежности, внимание и подароци, секогаш обрнувајќи внимание на чувствата и желбите на другиот. Тие се за вљубени, а заедничките романтични вечери и излегувања им помагаат да ја задржат својата страст. Овие луѓе нема лесно да впуштат во кавги, па единствениот проблем може да биде е недостаток на искреност.

Шкорпија
Ова е страсна и возбудлива врска во која “пукаат” емоциите. Од моментот кога ќе се запознаат, двајцата чувствуваат силна сексуална привлечност, што ќе биде главниот фактор за опстанок на оваа врска. Сепак, честите кавги, љубоморни сцени и изливи на посесивност на крајот може да доведат дури до прекин, ако и двајцата партнери не покажат поголема толеранција.

Стрелец
Врската што е започната во времето на веселиот Стрелец се заснова на меѓусебно почитување и разбирање. Партнерите не се оптоварени со љубомора и сомнежи и тие не се од оние парови кои одат насекаде заедно. Личната слобода и независност секако се еден од најважните факти во оваа врска.

Јарец
Оваа врска можеби не е исполнета со нежност, топлина и романтични гестови, но е стабилна и им дава на партнерите чувство на сигурност. Тие се почитуваат едни со други и никогаш не започнуваат расправии, емотивни уцени и манипулации. Тие ги решаваат сите проблеми брзо и лесно. Тие ги почитуваат парите и сигурноста што им ги обезбедува. Сепак, тие треба да направат повеќе за понежната страна на врската, за да не се изгуби меѓусебната блискост.

Водолија
Оваа врска најлесно може да се опише како малку необична и многу интересна. На прв поглед, ова може да изгледаат како луѓе кои не си одговараат еден со друг, но всушност се совршен пар. Отсуството на љубомора е одлична основа за воспоставување стабилна врска. Врската може да трае долго, ако партнерите не се „гушат“ еден со друг.

Риби
Ако сте нежни, романтични и барате постојани изливи на љубов, ова е идеална врска за вас. Големата љубов и наклонетост што партнерите ја чувствуваат едни кон други се гаранција за успех. Оваа врска ќе биде исполнета со емоции, па дури и повремени драми, но во основа и двајцата партнери ќе се грижат за саканата личност и нема да им биде тешко повремено да се жртвуваат заради взаемната љубов.

Напиши коментар