Celebrity

Депресија, терористички напад, смртта на нејзиното поранешно момче, панични напади, а денес е „Кралица на Инстаграмот“ со 207 милиони следбеници – Ова се сите трагедии на Аријана Гранде

Популарната пејачка Аријана Гранде, која има само 26 години, има големи хитови, обожаватели низ целиот свет, а со 207 милиони следбеници е прогласена и за „Кралица на Инстаграмот“. Би се рекло дека таа има сè што ќе посака и дека нејзиниот живот е идеален. Сепак, тоа е далеку од вистината бидејќи младата пејачка се соочи со бројни трагедии.

Пред две години, нејзиниот поранешен дечко, Мек Милер, со кого беше во врска две години, почина на 26-годишна возраст, како што беше утврдено, од предозирање со алкохол, кокаин и фентанил. Да бидат работите уште полоши, многу медиуми за неговата смрт ја обвинија Аријана.

По смртта на Мек, се чинеше дека пејачката ја најде својата среќа покрај комичарот Пит Дејвидсон. Двајцата дури се и се верија, но врската набрзо се распадна. Во спомен на оваа романса, Аријана го напиша еден од нејзините најголеми хитови, „Thank you next“. Пејачката доживеа уште една во Манчестер во 2017 година, кога за време на нејзиниот настап избувна терористички напад. Гранде беше на сцената кога во моментот беше фрлена бомб, поради која загинаа 22 лица. Аријана подоцна се сретна со секое од семејствата кои изгубија некој во тој напад, што имаше особено стресен ефект врз неа.

После тоа, таа имаше анксиозни напади и се чувствуваше многу беспомошно. Сето ова резултираше со тоа што пејачката се справуваше и со депресија. И покрај тоа што е идол на многу девојки ширум планетата, Аријана никогаш не криеше дека е незадоволна од физичкиот изглед. Имено, таа истакна дека се бори со акни, како и дека смета дека е премногу слаба и дека не може да се здебели. Таа има изградено препознатлива слика, па затоа се одликува со изглед налик на кукла, со крената коса во висока опашка. Едно време, таа исто така ја откри и тајната дека нејзината вистинска должина на косата е всушност до нејзините уши.

Напиши коментар