Бред Пит докажа дека е маестрален актер во најновиот филм на Квентин Тарентино, „Си беше еднаш во Холивуд“, каде заедно со Леонардо ди Каприо нè натераа да го следиме филмот со целосно внимание и насмевка.
Славниот актер важи за еден од најубавите мажи на оваа планета, а во текот на неговата долга кариера, тој направи работи за кои малку луѓе знаат…
Иако секој знае за него, ретко кој знае детали од неговиот живот, па затоа решивме да споделиме некои од нив со вас, за кои сигурно не сте знаеле:
- Неговото целосно име е Вилијам Бредли Пит, но по заминувањето во Холивуд, тој решил да го користи само Бред Пит.
- Има 57 години и просто е неверојатно како некој може да изгледа толку привлечно во својата 6-та деценија.
- Двапати беше прогласен за најубав маж на планетата.
- Пред да стане актер, Бред работел како физикалец и возач.
- Студирал новинарство и никогаш не се занимавал со таа работа.
- Неговиот прв филм се вика „Темната страна на Месечината“ и е југословенско-американска продукција, во која глумат и Горица Поповиќ и Милена Дравиќ, а филмот е снимен на југословенско приморје.
- Филмот што го прослави е „Интервју со вампирот“, каде глумеше со Том Круз, Антонио Бандерас и Кирстен Данст.
- Знае да зборува јапонски многу течно.
- Кога го играше Ахил, тој ја повреди Ахиловата тетива на сетот, па многумина сметаа дека тоа е знак од самиот Ахил.
- Беше номиниран за Оскар 4 пати, а благодарение на улогата во филмот „Си беше еднаш во Холивуд“, заслужено поседува една златна статуа.