Free zone

Десет ситуации во кои треба да побарате помош од психолог

Кога ќе се спомене зборот „психолог“, првата асоцијација се проблемите. Покрај фактот дека психологoт може да ви помогне да ги надминете тековните животни проблеми, еве неколку примери или ситуации во кои советите од психолог можат многу да помогнат.

  1. Кога не можете да најдете решение за моменталните животни околности во кои се наоѓате, чувствувате дека немате доволно поддршка од другите и сакате да постигнете решение со некого преку разговор.
  2. Кога чувствувате дека сте биле лошо расположени или сте незадоволни подолго време, поради моменталните животни околности во кои се наоѓате.
  3. Кога чувствувате гнев, бес или омраза или мислите дека никој не ве разбира.
  4. Кога ви пречат проблеми што не можете да ги споделите со никого или немате со кого да разговарате.
  5. Кога чувствувате дека проблемот со текот на времето е сè потежок и дека сте под силен стрес поради тоа.
  6. Кога не можете лесно да заспиете навечер, или страдате од несоница, па се чувствувате исцрпено од премногу размислување.
  7. Кога чувствувате страв од иднината и сè што носи со себе.
  8. Ако мислите дека не сте доволно сакани или немате добра комуникација со другите луѓе – членови на семејството, пријателите, партнерот…
  9. Кога чувствувате дека ви недостасува самодоверба, верба во себе или се чувствувате несигурни.
  10. Кога донесувате важни одлуки – Постојат голем број на вообичаени животни ситуации и околности во кои не сме секогаш сигурни дали правиме вистинската работа или каква одлука да донесеме. Советот од психолог тогаш може да ни помогне да разбереме што е најдобро за нас, бидејќи психологот е оној кој во таа ситуација, како објективен набљудувач од страна, ги гледа работите пореално, а во разговорот може да укаже на решенија за кои не сме свесни или не ги гледаме во моментот.

Напиши коментар