Се чини дека неуспехот на албумот LP1 ја разниша самодовербата на младиот пејач, па затоа тој реши да ја извлече „тешката артилерија“ и да ја покани ТикТок ѕвездата, следена од милиони, како гостинка во божиќната песна.
Оваа вест протече во јавноста уште пред пејачот да успее самиот да ја открие, па затоа ги нарече обожавателите „детективи“.
„Имав грандиозен план да објавам кој ќе гостува во мојата нова песна Naughty List, но повторно откривте сами! Вие сте вистински детективи “, напиша Лиам на Инстаграм, со фотографија од него и Дикси.
Тој додаде дека „се заљубил во ТикТок“ и дека имал планови за Божиќ, кои го одвеле кај Дикси и нејзиното семејство.