Celebrity

Дикси Д’Амелио возврати на коментарите на Аријана Гранде: „Таа е во право!“

Да, Дикси Д’Амелио ја слушна критиката на Аријана Гранде кон неа и нејзините пријатели sвезди од ТикТок и се чини дека е прилично нетрпелива. За време на викендот, Дикси беше прашана што има да каже за коментарите на Ари: „Аха, го видов тоа“, им рече таа на новинарите. “Јас навистина не знам што да мислам. Мислам, таа е во право. Таа е во право и таа е кралица. Ја сакам”.

А, ова е коментарот на Аријана во врска со забавите организирани за време на најголемата пандемија во светот:

„Не можевме да останеме дома уште неколку недели? – праша таа. “Како и сите други земји кои беа океј со тоа и сега се подобри од нас. Дали навистина имавме толкава потреба да одиме во Saddle Ranch, како да не можевме да почекаме да помине смртната пандемија? Навистина е потребно да облечеме каубојски чизми и да јаваме механички бик? Толку многу ни е потребна нова фотка на Инстаграм?”

Ако ви се чини познато името „Saddle Ranch“, тоа е затоа што многу sвезди и инфлуенсери од „ТикТок“ го посетуваат ресторанот. Додека Ари не именуваше никого, може да се претпостави дека таа им се обрати на славните личности кои биле на тоа место. Всушност, Адисон Ре, Брајс Хол и други ја славеа Ноќта на вештерките таму изминатиов викенд.

Напиши коментар