Инспирирано од носталгија, анимираното триминутно видео на Дизни ја следи приказната за едно семејство низ различни генерации, почнувајќи од девојчето по име Лола. Во 1940 година, на Лола и беше подарена плишана играчка Мики Маус. Во 2005 година, Лола е баба и и дава плишана играчка на нејзината внука, која си игра со култниот глушец. Секоја година, Мики го симболизира детството на Лола и нејзината врска со нејзината внука. Меѓутоа, како што минуваат годините, едното уво на играчката станува оштетено од употреба.
Внуката расне и ја заборава играчката. Лола, преплавена од тага, го остава Мики на своето биро да собира прашина. Како што продолжува видеото, внуката сфаќа дека ги повредила чувствата на нејзината баба и го поправа увото на играчката пред да и ја предаде на Божиќното утро. Исто така, домот на нејзината баба го украсува со рачно изработени украси со sвезди, коишто ги правеа заедно кога таа беше дете. Последната сцена, кадешто е прикажана силнатаи искрена прегратка на внуката и бабата, покажува како Мики Маус – Дизни го поврзува семејството и создава заедница.
Видеото завршува со едноставната порака на Дизни: „Од нашето семејство за вашето“. Текстот на песната и пораката во рекламата се многу важни, па затоа оваа реклама, како и секоја друга Божиќна реклама, е придружена со музика. Емотивната балада „Love is a compass“ за Дизни ја отпеа 19-годишната пејачка, Гриф.