Експертите имаат добри вести, барем за оние кои се самозадоволуваат.
Поточно, според нив, мастурбацијата не само што ќе ве забавува, туку и ќе ви помогне да останете здрави.
Покрај тоа, др. Џенифер Ландам, специјалист за хормонска терапија, посочува дека мастурбацијата може да биде токму она што ви треба за да го зајакнете имунитетот.
Самозадоволувањето го зајакнува имунитетниот систем и бројот на белите крвни зрнца – што пак помага во борбата против инфекцијата во организмот, според The Sun.
Ставовите на др. Ландам се рефлектираат и во една мала студија спроведена од Одделот за медицинска психологија на Универзитетската клиника во Есен, Германија, која внимателно ги испита ефектите на оргазмот преку мастурбацијата врз бројот на крвните зрнца.
Ова истражување потврди дека сексуалната возбуда и оргазмот го зголемуваат бројот на белите крвни зрнца и го зајакнуваат имунолошкиот систем.
Покрај тоа, тие ви помагаат да се опуштите и да спиете подобро.