HBO штотуку објави дека годинава ќе гледаме две нови епизоди од популарната серија, во која главната улога ќе ја игра Зендаја.
Иако нема да имаме шанса да ја гледаме целата сезона, две епизоди се сосема доволни за да го задоволиме нашиот глад сè додека не дојде остатокот од сезоната, што беше одложен заради пандемијата предизвикана од Коронавирусот.
Зендаја на својот профил фотографија од Руе и напиша:
„Ни недостигаа. Наскоро следуваат две специјални епизоди од „Еуфорија“. Првата доаѓа на 7 декември“
Да потсетиме, серијата донесе и Emmy награда за главната актерка: на 21 септември 2020 година Зендаја освои Еmmy за најдобра актерка во драмска серија. Со тоа стана најмладата личност што некогаш успеала во ова и тек втора црнкиња, што освоила награда во оваа категорија.