After Midnight

Доказ за љубов: Дали врската ќе ви биде подобра доколку имате увид во телефонот на вашиот партнер?

Најинтимниот предмет на современиот човек е дефинитивно мобилниот телефон, кој благодарение на Интернетот, можеби содржи информации за нас, за кои не сме ни свесни.

Мобилниот телефон успеа да стане најдобриот пријател на човекот кој помага кога помоштта е најпотребна и чува тајни што можеби сме заборавиле дека сме ги кажале. Но, дали е тој наш најдобар пријател кога станува збор за нашата емотивна врска? Прашањето што често ги мачи вубените парови, е дали треба да му ја дадат шифраta од телефонот на партнерот?

Мислењето на бројни психолози е дека увидот во телефонот на партнерот е целосно непотребeн и дека секогаш води до недоверба.

Тие веруваат дека секогаш кога ќе се фатите за мобилниот на својот сакан, тоа е причина да ја проверите неговата искреност кон вас и тоа е самиот почеток на отворањето на „Пандорината кутија“ на недоверба.

Од друга страна, постојат мислења дека кога вашиот партнер го крие својот мобилен телефон или го сврти на страна, тоа е скоро сигурен знак дека нешто крие.

Затоа многу парови, кои сакаат да ја докажат својата љубов и лојалност, му даваат увид на својот партнер во нивниот телефон мислејќи дека тоа е најголемиот доказ за нивната љубов. Но, дали е ова навистина доказ за љубов? Колку што мобилниот телефон во врската може да ви помогне да искажете љубов, тоа исто толку може и да нанесе штета, дури и ако партнерот има дозвола за тоа. Јована Нешиќ, психолог, зборува за тоа дали треба да ја дадете шифрата од својот мобилен телефон и дали тоа ќе ја направи вашата врска поинтимна и постабилна.

  • „Договорот за увид во телефонот на партнерот нема да има големо влијание врз подобрувањето на врската и секако не е сигурен показател дека партнерите ќе бидат поискрени еден кон друг“ – тврди таа.

Секогаш постои опција да избришете нешто што не сакате вашиот партнер да го види.

  • „Телефонот се користи за разговори и преписки со блиски пријатели, а тоа што нашите пријатели ни го кажуваат во доверба не значи дека тие сакаат тоа да го знае и нашиот партнер. Сепак, одредена доза на интимност треба да постои и важно е да се направи здрава граница меѓу нас и нашите партнери, бидејќи ние не сме едно“ – заклучува психологот.

Напиши коментар