After Midnight

Долгите врски опстојуваат, но само ако постојат овие пет навики

Долгите врски секогаш носат со себе големи навики. Од една страна, тоа е добро, а од друга страна е лошо. Навикнувањето, релаксирањето, често знае да ги оддалечи луѓето и да ги натера да се чувствуваат како странци во одреден момент.

Колку и да е силна врската, дека и двете страни се сигурни една во друга, важно е да продолжат да се однесуваат како штотуку да се вљубиле, барем понекогаш.

Разгалување
Колку и да звучи за клише за некои, постојат бројни студии кои покажуваат дека разгалувањето ја поврзува и негува љубовта.

Изјави на љубов без некоја посебна причина
Спонтаните изјави на љубов додека партнерот чита книга, мие садови или зборува за нешто што нема никаква врска со љубовта, делуваат искрено и се омилени за многумина.

Слушање
Иако по многу години заедно, знаеме скоро сè еден за друг, секогаш е важно да ја слушаме другата страна и важно е дека тоа не се само теми поврзани со секојдневниот живот. Слушањето за нечии интереси, погледи за светот и животот, покажува дека искрениот интерес сè уште трае и дека на сите им годи.

Помош
Ние им помагаме на оние што ги сакаме, нели? Секогаш кога постои шанса, кога е можно, партнерите треба да си помагаат еден на друг. Без разлика дали станува збор за животно прашање или преместување на тешката маса од едниот крај на собата до другиот, важно е двете страни да знаат дека се тука еден за друг.

Мали нешта
Без оглед дали е купување на вашето омилено чоколадо или нешто друго, малите гестови се важни затоа што врз основа на нив гледаме дека и по многу години, нашиот партнер сè уште се обидува.

Write A Comment