Free zone

Должината на косата го открива вашиот карактер – Каква фризура имате вие?

Не е сеедно дали имате долга, кратка или средна должина на косата, барем така велат… Фризурите драстично влијаат на изгледот на секоја жена, а дали знаевте и дека должината на косата може да открие многу за вашиот карактер?

Кратка коса

Откажувањето од долга коса е показател за храброст. Жените со кратка коса се исклучително независни и имаат силна волја. Тие сакаат контакт со луѓе, како и флертување и лесно се поврзуваат со сите. Тие се авантуристички настроени и имаат силен карактер, поради што луѓето ги обожаваат.

„Боб“ или до рамена

Овој стил овозможува полесна контрола над косата. Станува збор за луѓе кои се искрени, добро организирани, бестрашни, немаат комплекси, можат да направат повеќе работи истовремено, да знаат точно што сакаат и да размислат добро пред да изреагираат.

Под рамена

Се наоѓате во меѓупростор – не сте сигурни дали сакате долга или кратка коса. Ова е знак на елеганција, ваквите луѓе се харизматични и ги привлекуваат останатите со својата природна убавина. Тие не се плашат од предизвици и брзо остваруваат нови контакти.

Долга коса

Начинот на кој се грижат за косата открива многу за нив. Тие се големи сонувачи, внимателни се, трпеливи и повеќе се заинтересирани за долги врски во кои можат да дадат сè од себе. Тие се многу упорни и ќе сторат сè за да ги остварат своите соништа. Исто така, зрачат со огромна самодоверба и упорност.

Напиши коментар