Hi-Tech

Допишувањето на Instagram станува уште позабавно – Ни доаѓаат еден куп новитети!

Веќе е добро познато дека ажурирањата на Инстаграм не доаѓаат кај сите истовремено. Дури и ако редовно ја ажурирате апликацијата, сепак не мора да значи дека вашиот профил ќе биде од првите што ќе добие нови функции.

Допишувањето на Инстаграм добива нов изглед. Ќе има еден куп нови опции со кои ќе можете да си играте и со кои ќе имате можност дополнително да ги персонализирате вашите разговори. Најавено е дека ќе има дури 10 нови! Некои се поинтересни, некои не толку многу, но сите може да ни се најдат во одреден момент. На пример, ќе можете да ги менувате боите во разговорот, ќе има спојувања со Фејсбук Месинџер и ќе има нова кул опција ‘исчезнување’.

Која е всушност опцијата „исчезнување“ и зошто е толку интересна? Со оваа опција ќе можете да испратите порака некому, но исто така ќе можете да направите пораката да исчезне целосно од вашата историја на разговор. Нема да пишува дека пораката е избришана како што е во WhatsApp, на пример, но таа порака едноставно ќе исчезне, како никогаш да не постоела. Ова ќе можете да го користите за обични пораки, испраќање фотографии и видеа. Ќе има опција пораката да исчезне веднаш штом другата личност ја види!

Освен ова, еве што друго доаѓа. Бидејќи Instagram и Facebook Messenger се спојуваат, разговорите од двете апликации исто така ќе се спојат. Како точно ова ќе работи и ќе изгледа, останува да видиме. Покрај тоа, постои опција „Гледајте заедно“, каде што ќе можете да гледате видеа од FB, IG TV, Reels, па дури и филмови со некого во разговор. Во разговорите, исто така, ќе можете да испраќате boomerang со вашето селфи. Разговорите ќе можат да ги менуваат боите и ќе може да се направи кратенка за емотиконите што најмногу ги користите. И тоа не е сè. Ќе биде полесно да ги проследувате објавите, така што ќе можете да испратите нешто одеднаш до група од максимум 5 лица, и ќе има опција кога ќе одговорите да ја обележите пораката на која точно одговарате, друга опција што сега ја користиме на WhatsApp. Пораките ќе можат да имаат различни ефекти што ќе му се појават на некое лице кога тој ќе ја отвори, и секој ќе може да утврди кој може да му испрати порака, а кој не, и ќе има некои новости со пријавувањето на луѓе и блокирањето.

Напиши коментар