Free zone

Досадно ти е, велиш? Без гајле, ние имаме неколку решенија за тоа!

Добро, јасно е дека веќе не сме во карантин, но вирусот е сè уште околу нас, така што не би сакале да „висите“ во кафулиња и во затворени простории во наредните месеци – ако баш не морате.

Прошетај
Есента веќе дојде, а тоа можеме да го видиме со фактот дека деновите стануваат пократки, а вечерите веќе ладат. Затоа ви предлагаме да ги искористите преостанатите убави денови на најдобар начин – подгответе кафе или чај (или друг омилен пијалок), истурете ги во омилениот термос и одете покрај реката или во блискиот парк. Дури ако таму те чека зајдисонце…

Среди го плакарот
Средувањето на плакарот и просторијата веројатно не ви е приоритет број еден кога ви е здодевно и веројатно ви звучи досадно, но – не мора да биде! Пуштете си музика и скокнете во акција!

Пишувај
Добро, нема да ги форсираме екраните – кога последен пат сте имале пенкало во рака? Знаеме, не го земаме ниту ние често, иако, признаваме, повеќе се сеќаваме кога ќе напишеме нешто во дневникот. Затоа, напишете неколку зборови во дневникот или запиши ги мислите, напиши приказна, песна… немаш граници!

Испланирај си патување
Добро, знаеме дека нашите граници се затворени, но тоа не ве спречува да замислувате, а можеби дури и да сфатите како да заштедите и да отпатувате на концертот на вашата омилена ѕвезда следната година.

Напиши коментар