Celebrity

Дуа Липа објави музичко видео за најновиот сингл

Пејачката Дуа Липа го објави својот најнов сингл „Levitating“ од нејзиниот ремикс албум „Club Future Nostalgia“.

Спотот беше премиерно прикажан во петокoт, на 2 октомври годинава, а до сега собра нешто повеќе од три милиони прегледи.

Таа издаде нов ремикс албум на крајот од месец август оваа година, а споменатиот сингл веќе беше објавен во ремикс издание, кога Дуа соработуваше со Мадона и Гвен Стефани.

Новиот сингл е всушност ремикс на оригиналната песна „Levitating“, којашто Дуа ја сними со раперот ДаБејби.

Напиши коментар