Пејачката Дуа Липа го објави својот најнов сингл „Levitating“ од нејзиниот ремикс албум „Club Future Nostalgia“
Новиот сингл е всушност ремикс на оригиналната песна „Levitating“, а Дуа ја сними оваа песна со раперот ДаБејби.
Видеото беше премиерно прикажано во петок, на 2 октомври оваа година, а до денес собра нешто повеќе од три милиони прегледи.
Таа издаде нов ремикс албум на крајот на август оваа година, а споменатиот сингл веќе беше објавен во ремикс издание, кога Дуа соработуваше со Мадона и Гвен Стефани.