Откако првично турнејата, планирана за 2020 година, ја помести за јануари и февруари 2021 година, Дуа Липа беше принудена да ја одложи – уште еднаш.
Поради непредвидливата пандемија којашто владее со светот, поп-sвездата одлучи да ги премести датумите на турнејата за септември и октомври 2021 година.
„Со тешко срце ја одложувам Европската турнеја за септември и октомври 2021 година. Продолживме да ја набљудуваме оваа непредвидлива ситуација и ни стана јасно дека не можеме да одржуваме концерти во јануари и февруари“, објасни таа, додавајќи:
„Ве молиме зачувајте ги билетите бидејќи тие ќе важат и за новите датуми.“
Липа откри и дека и недостасуваат и настапите.
„Ова е периодот кога најмногу ми недостасува турнејата, но наскоро повторно ќе бидеме заедно и ќе славиме. Во меѓувреме, ви ветувам неколку забавни работи, кои ќе ви помогнат да издржите до септември“, изјави таа.