Земјите знаци покажуваат практична интелигенција, додека огнените знаци се најинтуитивни во Зодијакот, што ги прави совршен материјал за лидерски позиции во работата.
Според астролозите, најпаметни хороскопски знаци се Водолијата и Скорпијата! Сепак, нивната интелигенција произлегува од две многу различни причини. Луѓето родени во знакот на Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, која се мери со когнитивната способност и IQ. Од друга страна, Скорпиите ги краси прониклива интелигенција, тие се најдобри во реалното оценување и разбирање на светот како целина.
– „Ова не значи дека другите хороскопски знаци не се интелигентни, тие се – но, на свој начин. Близнаците и Вагата исто така имаат многу ментални способности“ – објаснува Нил Крабтри, астролог од „Mayo School of Astrology“.
– „Ракот и Рибите се најдобри во емоционалната интелигенција. Со други зборови, тие совршено ги препознаваат и судат своите и чувствата на другите“ – додава тој.