Celebrity

Џастин Бибер бесен на своите фанови: „Како не ви е срам?!“

Џастин Бибер е во центарот на вниманието уште од тинејџерските години и сосема е нормално дека славата почнува да му станува товар.

И покрај фактот дека се обидува да живее нормален живот, заедно со сопругата Хејли Бибер, тоа е невозможно – го следат папараци, но и фанови и фанатици.

Токму на нив, Бибер им се обрати преку социјалните мрежи, изјавувајќи дека не е нормално да го демнат пред неговата куќа.

„Како се убедувате себеси дека не е целосно некултурно и безобразно да седите пред мојата куќа и да зјапате, да ме гледате и да ме фотографирате додека влегувам во станот“, напиша Бибер и додаде:

„Ова не е хотел. Ова е мојот дом.”

Да потсетиме, Бибер беше многу проблематичен во еден момент од својата кариера, па затоа на сите им беше интересно да го следат секој негов чекор.

Во последниве години, откако се ожени, Џастин се сврте кон Бога и семејството, иако сè уште снима идентична музика.

Напиши коментар