Celebrity

Џастин Бибер има нова огромна тетоважа на вратот – и неговата мајка не е воопшто среќна

Пред неколку дена, тој сподели фотографии и видео од новата тетоважа на својот Инстаграм профил – прилично голема роза на вратот. Изгледа убаво, но неговата мајка не го одобрува овој најнов додаток.

Иако Џастин е познат по тоа што има еден куп тетоважи, тој сега додаде уште една. Направи тетоважа со роза на левата страна што се протега по целата страна од вратот. Го тетовираше познат tattoo артист од Лос Анџелес, Доктор Woo. Тој веќе му има направено неколку тетоважи на Џастин, а ја има тетовирано и Хејли.

View this post on Instagram

@_dr_woo_ thank you for the 🌹 🙏

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Зошто баш роза и какво значење има, Џастин сè уште не открил. Но, своето мислење за овој нов цртеж го даде неговата мајка. Таа коментираше под видеото што тој го објави. Таа само напиша „зошто“ и додаде емоџи кое плаче. Мајки и тетоважи. Се чини дека ниту една мајка не е воодушевена од големиот број тетоважи. Коментарот ги воодушеви луѓето затоа што е толку многу типичен за една мајка.

Напиши коментар