Celebrity

Џастин Бибер има нова тетоважа!Мајка му не го одобрува тоа!!

Џастин Бибер ја покажа новата тетоважа и неговата мајка не е баш среќна за тоа.

На 7 септември, Џастин ја покажа тетоважата преку разни објави на Инстаграм.Теотаважата му е на вратот и е до неговата постара тетоважа „Трпеливост“.

Уметникот кој стои зад новата роза на Џастин е, уште еднаш, д-р Ву. „@Dr_woo ви благодарам за [розата]“, напиша Џастин во својата прва објава, по што следуваше мало видео од реалниот процес на тетовирање. Судејќи според неговите најнови фотографии од ИГ, каде розата очигледно е отсутна, се чини дека Џастин ја направил тетоважата истиот ден кога биле објавени сликите или непосредно пред тоа.

View this post on Instagram

@_dr_woo_ thank you for the 🌹 🙏

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Љубовта на Џастин кон тетоважите е добро документирана со текот на годините.И додека Џ.Б се чини дека ја сака својата нова тетоважа постои една личност која не е толку ентузијаст за тоа: неговата мајка, Пети Малет.

Како што забележа Just Jared Jr. коментирајќи под една од објавите што Џастин ги објави на својот ИГ, Пети едноставно додаде: „Зошто” “. Акцент на емоџи што плаче. И, добро, тоа прилично го сумира универзалното чувство за „мајки и тетоважи“.

Добро познато е и дека Џастин не води голема грижа за неговите тетоважи покасно.

На 8 септември, само еден ден по објавувањето на новата тетоважа тој беше забележан надвор во Лос Анџелес соскоро направената тетоважа.

Кога ќе направите нова тетоважа, препорачливо е да избегнувате целосно изложување на сонце најмалку две недели и идеално до еден месец за да го олесните процесот на лекување. Дури и откако ќе биде тетоважата целосно излечена треба да избегнувате изложување на тетоважите на сонце или преземање на потребните мерки на претпазливост за да избегнете компликации како што е предвремено бледнеење – значи, да, тоа значи да се снабдите со заштитен фактор.

Напиши коментар