Celebrity

Џеј Ло ја откри тајната на совршениот тен: „Ова го користам веќе 30 години и немам намера да го променам“

Жените ширум светот завидуваат на нејзиниот изглед, а таа вели дека само една навика е одговорна за овој добар изглед. Џенифер Лопез (51) изгледа подобро од кога било.

Таа нема ниту една брчка на лицето, а тенот и е совршен. Ако сте се прашувале како го прави тоа, еве го одговорот. Верувале или не, Џеј Ло вели дека никогаш не отишла под „нож“ и дека естетските процедури не се нешто што ја интересира.

  • „Јас не сум личност за тоа, но немам ништо против луѓето да одат кај пластични хирурзи. Сакам да се грижам природно за себе, со билни креми и серуми. Не велам дека можеби еден ден нема да одам да направам ботокс, но досега навистина немав потреба“.

Нејзината тајна се крие во маслиновото масло и кремите со заштитен фактор.

  • „Тие се моите сојузници за убавина многу години. Жените претежно трошат пари на скапи креми и ги забораваат основите – без крем со УВ заштита не треба да ја напуштате куќата, дури и кога е зима. Овие креми ги користам од мојата 20-та година и мислам дека ми дадоа добар тен и лице без брчки. Сонцето е многу штетно, а кожата има потреба од добра заштита“.

Покрај кремот со заштитен фактор, таа секоја вечер нанесува и маслиново масло на кожата, за која вели дека длабоко ја хидрира и ја враќа еластичноста. Покрај тоа, таа посетува козметичар еднаш месечно.

  • „Не е тешко да имате совршен тен, едноставно не заборавајте на кремот со заштитен фактор. Тоа е мојата тајна“, вели таа.

Напиши коментар