Латино дивата Џенифер Лопез успева совршено да балансира помеѓу деловните обврски и улогата на мајка на близнаците Макс и Ема. Ја гледаме толку често во провокативни изданија и тип – топ средена, а од време на време објавува и неоја своја фотографија во „домашна варијанта“.
Таа сподели на Инстаграм како изгледа кога нејзините деца се стуткани во скутот на нивната мајка.
Џенифер седи во баде мантил, без шминка, со високо подигната коса, а синот и ќерката седат во нејзиниот скут.
„Го сакам тоа што тие сè уште сакаат да седат во скутот на нивната мајка. Среќна сабота“, напиша Лопез.
Она што многумина го забележаа е дека девојчето неодоливо потсетува на неа на кога била помлада.