Пејачката Џеси Џеј неодамна преку Инстаграм објави дека боледува од ретка, Мениерова болест. Поради тоа таа го помина Бадник во болница, а симптомите кои ги имала, се потешкотии во пеењето и одењето.
Причината за оваа болест не и е позната. Клинички, болеста се манифестира со напади на вртоглавица што може да траат и по неколку часа, тинитус, па дури и губење на слухот. Пациентите претежно се жалат на исцрпувачко гадење, повраќање, малаксаност, како и губење на слухот, што станува се поголемо со текот на времето и е активно придружено со иритирачки тинитус во погоденото уво.
„Се разбудив и имав впечаток дека сум целосно глува на десното уво. Не можев да се движам во права линија. И тогаш дознав од што страдам. Знам дека многу се борат со ова и убаво ме советуваа што да правам… Но, се разбира, целото време го поминувам лежејќи и во тишина. Кога пеев првпат по дијагнозата, подобро да не запеев. Ми недостасува да пеам, како и да се дружам со луѓе, за никаде сум. Ова навистина ме погоди. Патем, кога пеам, ми се чини дека ќе ми падне увото. Гледам телевизија со прстот во уво, никако поинаку “, објасни таа во каква состојба се наоѓа.