Џиџи Хадид и Зајн Малик официјално станаа родители: Парот го доби своето прво дете на 23 септември, а според првите информации, мајката и бебето се чувствуваат добро.
Првата фотографија, на која се гледа раката на малото девојче, е објавена на социјалните мрежи од страна на гордиот татко.
„Нашето мало девојче е тука, здраво и убаво“, напиша тој.
„Не можам со зборови да опишам како се чувствувам сега. Љубовта што ја чувствувам кон ова мало човечко суштество е необјаснива. Благодарен сум што ја запознав, што ја нарекувам моја и благодарен сум за животот што ќе го имаме заедно“, додаде тој.
Се огласи и Џиџи, кој потврди дека девојчето е родено минатиот викенд.
„Нашето мало девојче ни се придружи викендов и веќе го смени нашиот свет. Јас сум толку многу заљубена“, напиша таа.
Џиџи и Зајн се во бурна врска, која често ја раскинува, од 2015 година. На почетокот на оваа година, тие повторно беа фотографирани заедно, а веста за бременоста манекенката ја сподели во интервјуто со Џими Фалон.