Celebrity

Ѕирнете во луксузниот стан на оскаровката Сузан Сарандон

Познатата оскаровка Сузан Сарандон одлучи својот стан во Њујорк да го пласира на пазарот на недвижнини. Дуплексот се простира на 550 квадратни метри и се состои од 6 спални соби и 5 и бањи. Како што доликува, тој има и свој личен лифт. За оваа луксузна зграда која има неверојатен поглед кон знаменитостите на Менхетен, како што се „Еmpire State Building“ и „One World Trade Centre“, потенцијалниот купувач ќе треба да издвои дури 7,9 милиони долари.

Иако во огласот се наведува дека станува збор за стан за славни личности, од начинот на опремување на станот станува јасно дека станува збор за актер или актерка, со оглед на тоа што има посебен простор за читање на сценариото. Посебните карактеристики на овој стан, покрај надреалниот поглед, вклучуваат бања во една од спалните соби, ѕид во дневната соба целосно направена од огледала, библиотека, дури две гардероби и прекрасен агол со камин.

Мора да признаеме дека станот на Сузан е уреден по наш вкус, па не можевме да одолееме, а да не ви го покажеме детално.

Напиши коментар