Celebrity

Ѕирнете во најинтересната просторија од куќата на Кендал Џенер

Домот на Кендал Џенер не е она што би го очекувале од една од најпознатите и најплатените манекенки во светот, која порасна пред камерите на ријалити шоуто “Keeping Up With The Kardashians”. За разлика од домовите на нејзините славни сестри, кои имаат многу сјајни, мермерни површини и минималистички места за седење, куќата на Кендал Џенер се одликува со разновидни текстури, винтиџ парчиња и топли тонови.

Иако нејзиниот стил е поприземен и по малку боемски, таа сепак зачува нешто од нејзиниот гламурозен живот на модните писти, па претвори две од петте соби во гардероба. Бидејќи не сака да организира големи забави, туку претпочита да се дружи во интимна средина, гледајќи кошаркарски игри, удобноста и е на прво место.

Постојат многу детали кои го привлекоа нашето внимание – камената маса со мазни органски линии што во моментов е „in“, како и камен мијалник со изразена текстура, месинг када со златен сјај, но и неколку дела на современи уметници како што се Трејси Емин, Барбара Кругер и Ричард Принс.

Но, она што најмногу не изненади и воодушеви е ателјето. Кендал ја претвори поранешната соба за гледање филмови во оаза за својот омилен начин на опуштање – сликањето. Шик соба со многу светлина што влегува низ големите прозорци и необичниот килим, не инспирираше и самите да ги испробаме антистресните ефекти на сликањето, дури и ако не можеме да ја посветиме целата просторија на тоа.

Напиши коментар