Celebrity

Ѕвездата од “After We Collided” ни ги откри нејзините омилени нешта во животот

Жозефин Ленгфорд е на врвот на својата игра во моментов. Со хит филм број еден, „Аfter We Collided“, на повеќе платформи и во различни земји, малку е изненадувачки да се слушне дека таа штотуку ја започна својата кариера. Фановите долго чекаа да видат што ќе се случи со Теса, ликот кој го игра Жозефин, додека таа да се снајде во нејзината нова магнетна врска со Хардин Скот, кој го игра Хероу Фајнс Тифин. За разлика од првиот дел, вториот ги отвора вратите за да дознаете нешто повеќе за Теса и Хардин. Подолу ви пренесуваме дел од најновото интервју со Жозефин Ленфгорд и што сè имаше таа да ни открие.

Што те инспирираше да станеш актерка?
– „Сакам да раскажувам приказни и ме интересираат луѓето. Сакам да истражувам повеќе за нив.“

Која беше твојата најголема инспирација во животот досега?
– „Веројатно филмот. Може да прочитате многу скрипти што не ги сметате за значајни, но потребна е само една одличнa и сè ќе се промени.“

Кој е твојот крајен избор кога бараш нешто за гледање?
– „The Office“, US version.

Омилено место за патување?
– „Њујорк. Сум била неколку пати и секогаш кога сум таму се чуствувам како дома.“

Која е вештината што отсекогаш сакаште да ја научиш, а се уште не успеа?
– „Се обидував околу една деценија да научам да свиркам и досега беше неуспешно. Но, имам уште неколку години и се чувствувам многу оптимистично во врска со тоа.“

Ако не беше актерка, што ќе беше?
– „Веројатно ќе се занимавав со монтажа на филмови.“

Напиши коментар