Celebrity

Ѕвездата од “High School Musical” ќе стане мајка: Ешли Тисдејл го чека првото детенце

Дури и денес, знаеме да го добиеме „она некое чуство“ кога ќе слушнеме We’re All In This Together и ќе ја видиме оригиналната постава на филмот High School Musical, со Ешли Тисдејл во главната улога.

Времето застана за нас, но не и за неа: актерката и пејачка вчера на Инстаграм откри дека го чека своето прво дете со сопругот Кристофер Френч.

Ешли објави и фотографија на која јасно се гледа нејзиниот стомак, а покрај неа е и нејзиниот сопруг.

Под фотографијата, првиот коментар го остави Ванеса Хаџенс, која напиша дека ова е „толку проклето слатко“.

Двојката е во брак шест години, а 35-годишната Ешли Тисдејл продолжува да има успешна кариера во разни телевизиски проекти, иако ретко ја гледаме во мејнстрим проекти. Актерката неодамна беше подложена на операција за отстранување на силикони од градите затоа што имаше голем број здравствени проблеми.

„Пред многу години одев на операција за зголемување на градите. Пред операцијата, постојано чувствував дека моето тело не е вредно и мислев дека зголемувањето на градите ќе го промени мојот живот и ќе направи да имам поголема самодоверба. И за краток временски период беше така “.

„Не можам да кажам дека сум најгорда на сите избори од минатото, но не жалам за тоа, бидејќи тие ме доведоа овде каде што сум сега“, заклучи таа.

Напиши коментар