Astro&Horoscope

Паровите родени во овие хороскопски знаци засекогаш остануваат заедно

Бик и Девица

Ова се земјени знаци и се прилично скромни. Мирниот и разумен Бик ја балансира и надополнува енергичната Девица, па токму затоа тие се идеална двојка. Склони кон песимизам, Девиците наоѓаат поддршка во прегратките на Бикот, додека Бикот, од друга страна, лесно им ги предава „уздите на моќ“ на Девиците. Или барем се преправаат дека е така.

Водолија и Близнаци

Како и кај првиот пар, овие два карактери се балансираат еден со друг. На Близнаците понекогаш им недостасува романтична спонтаност, којашто Водолиите можат да ја надоместат. Близнаците ја опкружуваат Водолија со ненаметливо внимание и немаат ништо против нивните повремени бунтовнички испади. Водолијата ги инспирира и поддржува Близнаците.

Вага и Рак

Тие се разбираат меѓусебно на сензуално ниво и тоа е она што цврсто ги поврзува овие два знака на Зодијакот. Чувствата, особено романтичните, изобилуваат и во двата знака и секогаш се подготвени да ги прифатат и да ги возвратат со благодарност. Понекогаш Раковите стануваат хистерични, но Вагите имаат доволно трпение за нежно да го смират својот партнер.

Напиши коментар