Били Ајлиш го правеше истото интервју со Vanity Fair секоја година во последните 4 години, а ниту оваа година не беше исклучок.
За разлика од многу други славни личности, особено помладите, Били е исклучок затоа што ја чува својата приватност подалеку од очите на јавноста и открива само колку што е потребно. Не знаеме ништо за нејзиниот љубовен живот, а веќе подолго време не знаеме ни како изгледа кога не ја носи широката облека што ја носи секогаш. Затоа, не е изненадување што сите го промашивме фактот дека таа ја направи својата прва тетоважа, токму оваа година.
Ова беше 4-та година по ред како го даде истото интервју за Vanity Fair. Минатата година, таа откри дека ставањето на својата прва тетоважа е на bucket списокот за 2020 година, а во едно интервју што го даде оваа година, откри дека навистина го сторила тоа.
Сепак, Били како Били, рече дека никогаш нема да ја видиме таа тетоважа или да дознаеме што истетовирала. Мистериозна како и секогаш. Таа не даде објаснување зошто никогаш нема да ја видиме таа тетоважа, без разлика дали се наоѓа на некое многу скриено место или е некој мотив што таа не сака да го сподели со светот. Покрај откривањето на оваа тајна, таа раскажа и многу други интересни работи. Целото интервју можете да го погледнете подолу.
Ова интервју фановите секоја година со нетрпение го очекуваат, бидејќи сега веќе стана традиција, која се надеваме дека нема да заврши толку брзо.